Скопје, следниот месец, ќе биде домаќин на светски познатиот Скопски маратон. На овој најмасовен настан во Македонија ќе трчаат илјадници љубители на овој спорт и на здравиот живот. Во своето десетгодишно постоење, Скопскиот маратон привлече учесници од над 50 држави и поради големата популарност, понуди можност и за оние кои сакаат да се обидат со рекреативното трчање на пет километри или на полумаратонската трка. За најмладите се организира и детскиот мини маратон, односно трка на 500 метри.
Со тоа Скопскиот маратон ги надмина границите на спортот и прерасна во своевидно културно случување, што поддржува здрави навики и овозможува дружење на различни профили љубители на трчањето. Притоа, го позиционираше Скопје на меѓународната мапа на градови кои организираат маратони.
Генерален спонзор и официјален партнер на Скопскиот маратон, трета година по ред, е Стопанска банка а.д. Битола. Ова е единствената наша банка која го поддржува овој настан.
„Горди сме што и годинава сме дел од случување што е симбол на урбаното пулсирање на Скопје. Маратонот помага да ја откриете упорноста и решителноста за кои можеби и не сте биле свесни дека ги поседувате и да го достигнете врвот на сопствената физичка подготвеност. Тоа не е само обична трка, затоа што подготовката за маратон е начин на живот и со вистинска поддршка, целосно може да Ве поведе кон здравата страна од животот. Затоа и Стопанска Банка а.д. Битола е партнер на сите учесници на Маратонот. Ние сме присутни на стартот, за време на трката на која учествуваат и наши вработени и се разбира, на целта каде ги пречекуваме учесниците со подароци. Годинава за сите учесници подготвивме и Mastercard кредитна картичка со специјални услови, која на 1 април годинава ја добија и учесниците на Женската трка, една од промотивните трки во пресрет на Маратонот“, вели Наташа Савова, директор за маркетинг во Стопанска банка а.д. Битола.
Стопанска банка а.д. Битола ја поддржа и шестата Женска трка што се одржа на 1 април годинава, каде учествуваа повеќе од 1500 тркачи. Станува збор за современа банка која континуирано ги следи трендовите во банкарството и е подготвена да одговори на потребите на потрошувачите на еден високо конкурентен пазар, како што е македонскиот. Еден таков одговор на потребите на модерните потрошувачи е и Mastercard кредитната картичка со специјални услови. Односно, за учесниците на трките банката подготви картичка со најниска каматна стапка од 5,99% (во првата година) и 9,99% (по првата година), без членарина за првата година и бесплатни СМС известувања во првата година, како и бесплатна Mastercard дебитна картичка.
Поддршката на здравите навики преку Скопскиот маратон, Стопанска банка а.д. Битола, годинава ја збогати и со соработка со BeHealthy.
Споделувајќи го своето лого во оваа соработка, Стопанска банка а.д. Битола силно изразува поддршка и за здравиот начин на исхрана наспроти навиките кои ги диктираат брзиот и урбан животен стил. BeHealthy е компанија која особено се разликува од останатите на пазарот бидејќи нивните рачно изработени производи се подготвени од 100 отсто природни и сирови состојки и не содржат вештачки додатоци, стабилизатори, термички прегорувања, вештачки вкусови, шеќери, сирупи, бои и други индустриски конзерванси и хемиски примеси. Токму затоа и се продаваат под слоганот „Прегрни ја природата и почувствувај ја слободата“.
„Грижата за себе носи здравје – здравјето носи среќа- среќата е едноставно успех“, порачуваат заеднички од Стопанска банка а.д. Битола и BeHealthy.
Како на претходните маратони и годинава дел од вработените на банката ќе се вклучат во трките на Скопскиот маратон, давајќи поддршка на настанот, но на некој начин и ги надградуваат можностите за делување на една општествено одговорна компанија, каква што е Стопанска банка а.д. Битола. Од банката најавуваат и многу забавни содржини наменети за учесниците на трките и за нивните навивачи и поддржувачи, кои на 6 мај годинава ќе се приклучат на најголемиот урбан настан во Скопје.