Привршува јавниот повик за субвенции во рибарството. Парите се наменети за изградба на нови или проширување и модернизација на постојните капацитети. Финансиската поддршка се исплаќа со ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции. Повикот трае до 23-ти октомври…
Право за користење на финансиската поддршка за инвестиции во бизнисот со рибарството имаат фирмите регистрирани за оваа дејност кои имаат или користат имот на кој ќе градат рибници и дозвола за користење на вода во зоните предвидени за аквакултура.
Парите се наменети за изградба на нови или проширување и модернизација на постојните капацитети.
Вкупно за оваа намена се предвидени 3,7 милиони, а еден корисник може да добие најмногу до 720 илјади денари.
Финансиската поддршка се исплаќа со ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции во висина на 50 проценти на прифатливите трошоци.
Ко-финансирањето се зголемува и до 65 отсто кога барателите се млади или жени и доколку земјоделското стопанство се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје.
Добиената финансиска поддршка е неповратна.
Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да потпишат договор со Платежната агенција.
Крајниот рок за аплицирање е до 23-ти октомври.