Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември, кај најзастапените категории ̶ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,6% и 1%, соодветно, при годишно зголемување од 6,7% и 11%, соодветно.

Вкупните кредити, во септември бележат месечен раст од 0,4%, којшто во целост се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“, информираат од Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот „домаќинства“.

Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во септември, кај најзастапените категории ̶ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,6% и 1%, соодветно, при годишно зголемување од 6,7% и 11%, соодветно.

Во септември, автомобилските кредити се намалени за 0,6% на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 13,5%. Кредитите одобрени на кредитни картички, во септември забележаа месечен и годишен пад од 0,8% и 9,0%, соодветно.

Во септември, негативните салда на тековните сметки и кредитите одобрени врз други основи остваријамесечно зголемување од 4,6% и 0,7%, соодветно, додека на годишна основа забележаа намалување од 1,9% и 17,5%, соодветно.

Кредитите на корпоративниот сектор, пак, во септември остварија минимално месечно намалување од 0,1% што во целост e резултат на падот на кредитирањето во странска валута, при раст на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор бележат раст од 7,5%, којшто произлегува од зголеменото кредитирање во денари, при пад на кредитите во странска валута.