Халк Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 20 милиони евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанкаси АШ Туркије.

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 46-тата седница донесе Решение со кое се одобри 21-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Со оваа емисија, Халк Банка АД Скопје издаде 123.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција, со вкупен износ на емисијата од 1.230.000.000 денари. Единствен купувач на новите акции е матичната банка Халкбанкаси А.Ш. Туркије, која континуирано ја поддржува банката во нејзиниот раст и развој.

Халк Банка АД Скопје е еден од водечките и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар, со постојан раст во сите сегменти на деловното работење. Таа е стабилна банка со значајна капитална основа, која се обезбедува преку реинвестирање на добивките во Северна Македонија и насочување кон одржлив раст. Новата докапитализација е потврда за сигурноста и стабилноста на банката, како и за нејзината посветеност на долгорочен развој на македонскиот финансиски пазар.