Со програмата за рибарство и годинава ќе се субвенционира опремата и изградбата на нови капацитети за преработка на рибите. Предвидената финансиската поддршка е 3 милиони денари. Заинтересираните можат да се јават на повик кој трае до 23 октомври…
Со овие пари може да се градат нови капацитети и набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите.
Корисници се микро, мали и средни претпријатија регистрирани за дејноста аквакултура кои имаат или користат недвижен имот.
За оваа намена се предвидени 3 милиони, а еден корисник може да добие најмногу до 1 и пол милиони денари.
Исплатата на средствата ќе се врши одобрени барања од страна на платежната Агенцијата.
Парите ќе се исплаќаат авансно, до 40 проценти од вкупната вредност на одобрениот износ.
Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со платежната Агенција.
Крајниот рок за поднесување на барањата е до 23 октомври.
До овој датум трае и пријавувањето за субвенции за изградба и реконструкција на рибници.
Аквакултурата претставува одгледување, репродукција и исхрана на риби во рибници, полурибници, кафези, оризишта и други одгледувалишта на риба.