Управата за јавни приход известува дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат тешкотии при поднесувањето на пријавите.
Тимови од УЈП, како што соопштуваат, активно го следат функционирањето на системот.
„УЈП постојано апелира до даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот момент за поднесување и кооперативно да придонесат за навремено, целосно и точно исполнување на даночните обврски со цел да се спречат вакви ситуации кога има масовно поднесување во последните денови пред истекот на законскиот рок и е потребно повеќе време за обработка во системот на УЈП“, велат од Управата.