Просечната августовска бруто плата во Србија изнесува 133.591 динари (1.140 евра), додека просечната нето плата, без даноци и придонеси, изнесува 96.649 динари (824 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Растот на бруто-заработката во периодот јануари-август 2024 година во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,7 отсто, односно реално 9,3 отсто, додека просечната нето-заработка номинално е повисока за 14,6 отсто, односно реална за 9,2 отсто.

Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за август 2024 година е номинално повисока за 12,3 отсто, а реално за 7,7 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 12,2 отсто, односно реална за 7,6 отсто.

Медијалната нето заработка за август изнесува 75.575 динари (645 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до таа сума.