Тешко одат преговорите со банките за спроведување на средствата наменети за бизнисот.
Мицкоски потврди дека работите од старт не одат како што ги замислиле но не открива каде банките ја кочат работата.
Сепак е уверен дека на крајот преговорите ќе завршат успешно.
Уверува и дека компаниите овие пари ќе ги земат под истите услови кои и до сега се споменуваа.
Од унгарскиот кредит за компаниите се предвидени 250 милиони евра.