Сто илјади сезонци работат во Србија.
Бројот на електронски регистрирани сезонски работници во српското земјоделство достигна речиси 100.000 за помалку од шест години од почетокот на реформата на сезонските вработувања. Порталот и апликацијата досега ги користеле околу 900 работодавачи, кои уплатиле 1,9 милијарди динари во буџетот на име даноци и придонеси за ангажираните работници, објави НАЛЕД.
Порталот „Сезонски работници“, чиј развој го иницираше НАЛЕД, со поддршка на Германската развојна соработка, имплементирана од ГИЗ, функционира од 2019 година и овозможува едноставна регистрација на работниците на дневна основа, пишува Данас.
Порталот тогаш целосно го презеде Даночната управа, а бројот на пријавени сезонски работници од година во година расте, па така во 2019 година имало околу 28.000, а три години подоцна 49.000.