Според прелиминарната „флеш“ проценка, годишната стапка на инфлација во еврозоната порасна од септемвриските 1,7 отсто на два отсто во октомври, објави денеска Евростат.
Во октомври цените на енергенсите паднаа за 4,6 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од септември кога паднаа за 6,1 отсто.
Спротивно на тоа, цените на услугите во еврозоната пораснаа за 3,9 отсто на годишно ниво, исто темпо како и минатиот месец, а индустриските производи освен енергијата пораснаа за 0,5 отсто на годишно ниво, во споредба со растот од 0,4 отсто во септември.