Република Српска сака да финансира свои проекти преку БРИКС, а не преку Eвропската Унија(ЕУ).

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека официјална Бања Лука ќе се обиде да обезбеди финансирање за некои проекти преку инструментите на БРИКС, а не преку европските институции.

Додик порача дека соработката со Новата развојна банка на БРИКС, која покажа интерес за инвестирање во региони надвор од асоцијацијата, може да стане алтернатива на постоечките финансиски инструменти.