Од вечерва на полноќ поевтинуваaт сите видови горива, реши денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.

ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1,5 денар, и ќе изнесува 77 денари по литар. За 1,5 денари се намалува и ЕУРОСУПЕР 98+ и ќе изнесува 77,5 денари.

Поевтинува и цената на мазутот, и од утре ќе се продава по 43 денари, додека екстралесното масло за домаќинство исто така поевтинува за 1 денар, и од утре ќе изнесува 68 денари.