Признание и парична награда за долгогодишна посветеност и труд добија 20 вработени во Комерцијална банка.
Јубилејните признанија на вработените им ги врачи д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, на традиционалната прослава за Денот на штедењето, организирана од Македонската банкарска асоцијација.
Д-р Штериева им ги подели јубилејните признанија на вработените кои со децении ја развиваат својата кариера во Банката и се основа на успешните достигнувања и инспирација за целиот КБ тим.
„Оваа година имаме чест да ги наградиме оние кои работат со нас 15 и 30 години, исполнети со успех, иновации и заеднички постигнувања. Им благодариме за лојалноста и им посакуваме заедно да создаваме уште многу нови успеси“, велат од Комерцијална банка.