Почнуваат подготовките за стартот на откупот на тутунот од новата реколта. Првичните проценки покажуваат дека ќе има помал род од договорените 26.000 тони. Тутунарите очекуваат поволен откуп и повисоки цени од ланските…

Се прават завршните подготовки за почетокот на откупот на тутунот на 15-ти ноември, велат од Министерството за земјоделство.

Последниот ден за заверување на мострите е 15-ти ноември, а потоа монополите ќе можат да ги отворат вратите за преземање на родот. Според законот крајниот рок за почетокот на откупот е 15-ти декември.

Поради лошите временски услови тутунопроизводителите велат приносот е намален но, се зголеми квалитетот.

Со откупувачите се склучени околу 30.000 договори за производство од 26.000 тони, тутун. Сепак проценките се дека има многу помалку, односно околу 17.000 тони.

Годинава, 10 монополи со лиценци и финансиски гаранции ќе го преземаат родот.

Најавено е и зголемување на бројот на откупните ваги кои се планираат да бидат 320.

Тутунарите бараат повисоки откупни цени во споредба со ланските кои беа 375 денари за прва, 300 за втора и 260 за трета класа откупен тутун.