Земјоделците самостојно можат да направат електронски увид за најважните податоци поврзани со поднесените барања за субвенции.Министерството за земјоделство размислува за промени на системот во субвенционирање за следната година …

Преку електронскиот преглед на Платежната агенција земјоделците можат да ги добијат потребните податоци за поднесените барања за субвенции, односно за одобрување, исплатен износ и датум на исплата и измени и дополнувања на дадените податоци.

За пристап кон пребарување на податоците потребно е да се внесе матичниот број за физичко лице или бројот на електронско барање за правниот субјект.

Промени се очекуваат и кај авансирањето на субвенциите кои треба да бидат укинати.

Догодина Министерството сака да инвестира и во компјутери и опрема на секоја подрачна единица за да се зголеми ефикасноста во работењето.

Тие да имаат пристап до податоци на Платежната агенција за земјоделците да не мора да патуваат во Скопје да дознаат дали нивното барање е прифатено.

Измени ќе претрпи и субвенцијата за зелената нафта за поголема ефикасност на мерката, а новините наскоро ќе бидат објавени.