До 14-ти ноември сите оризопроизводители кои имаат намера да купат комбајн за жетва на оризот и имаат најмалку 1 хектар со оваа култура, можат да побараат финансиска помош од Платежната агенција. Аплицирањето е електронски, а барањата со ист број бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување…
Сите земјоделци кои имаат повеќе од 1 хектар со ориз, ќе можат да аплицираат за набавка на комбајни за жетва со сецкалици или мобилни сушарници за оваа култура.
Средствата се обезбедени од програмата за рурален развој, а право на субвенционирање ќе имаат сите регистрирани земјоделски стопанства.
Прифатливи трошоци по поединечен корисник се до 600.000 денари, а оризопроизводителите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на договор за кофинансирање со агенцијата.
Аплицирањето е електронски, а потребната документација се доставува до платежната агенција до 14-ти ноември 2024 година.
Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.
Еден земјоделец може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и другите мерки од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.