Вредноста на долар индексот, кој ја мери неговата вредност наспроти другите светски валути во последниве четири години е на највисоко ниво. Аналитичарите кажуваат дека треба да се навикнеме на тоа и дека доларот ќе продолжи да расте и ќе стане многу посилен отколку што секој може да си замисли.
Во другите делови од светот валутите ја губат својата вредност како што доларот зајакнува. Централните банки во Европа и Јапонија ја менуваат својата политика кон борба против забавениот раст на економијата и дефлацијата.
Во Русија рубљата ја губи вредноста поради бавниот раст на економијата, економските санкции поради кризата во Украина но и како последица на ниската цена на суровата нафта, со чиј извоз Русија остварува голем дел од приливот во буџетот. Дури и валутите во земјите во развој се борат против доларот.
Зајакнувањето на доларот не се одразува добро и врз вредноста на скапоцените метали каде се очекува да има пад на нивната вредност.