Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето…
Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика во нивниот „Статистички годишник“ вклучуваат информации за засадените површи и произведените количини од 1997 година. Земјделските култури и нивното одгледување во голема мера зависи од надворешните временски услови, сосема очекувано е намалување и зголемување на производството, но проблематично е што тенденцијата на намалување е континуирана. Имено, кај дел од културите, се забележува поголем пад, отколку раст или повраток на количините кои некогаш се произведувале во нашата земја.
Да почнеме со пченицата. Од оваа култура во далечната 1998 година во нашата земја биле произведени 336.562 тони, при што просекот по хектар достигнувал 2.961 килограми. Веќе следната година производството се намалило на 319.419 тони, или по хектар биле произведени 2.803 килограми пченица. Пред дваесетина години, или поточно во 2003 година домашното производство на пченица достигнало 225.300 тони или по хектар спаднало на 2.177 килограми. Следната година било достигнат едно од рекордните производства на пченица во нашта земја од 356.825 тони, при што просекот по хектар достигнал високи 3.522 килограми. Веќе во 2005 година производството повторно се намалило, но и понатаму достигнало солидни 333.880 тони, при штo просeкот се намалил на 3.081 килограм.