Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари.
Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември.
Овој трошок за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на другите членки на ЦЕФТА договорот треба да се укине, вели Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел.