Комерцијална банка повторно е најдобро рангирана македонска банка на ранг-листата SEE TOP 100 најголеми банки во Југоисточна Европа, објавена од порталот SeeNews.com.
Во рангирањето за 2023 година, Комерцијална банка бележи и скок од едно место погоре благодарение на растот на вкупната актива, со што се најде на 45 место во Југоисточна Европа. Во домашна конкуренција, Комерцијална банка е убедливо на 1 место.
Оваа година на ранг-листата SEE TOP 100 се најдоа шест банки од Македонија. Оваа листа е традиционално годишно рангирање кое има за цел да објави факти и бројки за најголемите банки во Југоисточна Европа.
Покрај банки, SEE TOP 100 одделно рангира и компании од други сектори, со што дава сеопфатна слика за економиите во Југоисточна Европа и за бизнисите со најдобри перформанси.
„SeeNews“ е независен меѓународен провајдер на бизнис вести, со фокус на пазарите во развој во Југоисточна Европа.