Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од заемот од унгарската Влада, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски.
-Состанокот би го поделил во три дела, и тоа првиот дел е оној што се однесуваше на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проеткот и третиот дел е поврзан со каматнаата ставка, потенцираше во изјавата премиерот Мицкоски.
-Ќе почнам од вториот дел дека сакаат да учествуваат како Македонската банкарска асоцијација, нејзините членки и членови е несомнен и сите изразија желба да учествуваат во овој процес. Во делот на рочноста заземавме исти, заеднички ставови, дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја котистиме формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата. Бидејќи членките кажаа дека има поедини клиенти коишто можеби сакаат пократок рок и затоа велиме до три години и до 15 години отплата, истакна Мицкоски и појасни дека во делот на каматата ќе се преговара и оваа недела.