Кризата на автомобилската индустрија стигна и до Полска. Отпуштања во следната година предвидуваат 32 отсто од тамошните автомобилски компании, што е осум пати повеќе отколку што имало такви предвидувања за оваа година, се вели во објавениот извештај Мотобарометар 2024.

Според полската асоцијација на дистрибутери и производители на автоделови, индустријата за автоделови во ЕУ во последните пет години отворила само 55.000 нови работни места, додека од друга страна, 118.000 работни места се елиминирани во таа индустрија, пишува полската новинска агенција ПАП.

Во 2023 година, пет од 11 анализирани земји изразија оптимизам за нови работни места во производството на автомобилски делови, во 2022 година, на пример, седум. Таква компанија годинава нема.