Министерот за транспорт Александар Николоски рече дека проектот предвидува под одредени фискални поволности млади парови да се стекнат со куќа или стан…
Владата планира да го активира проектот „Купи куќа за млади“ од следната година, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.
– Од следната година, практично за еден месец ќе почнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за млади“ кој ќе треба да овозможи на голем број млади брачни двојки да се стекнат со дом по фискално поволни услови. За тоа ги подготвуваме плановите – рече Николоски.
Тој информира дека по Нова година ќе се знаат општините во кои ќе почне да се реализира прокетот и условите под кои младите ќе можат да аплицираат за субвенциониран кредит.
-По Нова година ќе излеземе со став во кои општини тоа ќе може да се реализира и под кои услови младите брачно парови ќе можат да аплицираат за да се стекнат со свој дом – рече Николоски.
Проект „Купи куќа за млади“ се реализираше и во минатиот период, а го воведе владата на Никола Груевски.