Вредноста на Биткоинот надмина рекордно високо ниво од 94.000 долари бидејќи се појавија извештаи дека компанијата за социјални медиуми на Доналд Трамп е во преговори за купување на фирмата за тргување со криптовалути Bakt, поттикнувајќи дополнителни надежи дека идната американска администрација ќе го фаворизира секторот.
Најпознатата валута во светот, биткоинот, оваа година ја зголеми својата вредност повеќе од двојно, објави Ројтерс.
Последен пат неговата вредност беше 92.104 долари, а моментално скокна на 94.078 долари.