„Трговците се должни да поседуваат фискален апарат и задолжително да издаваат фискални сметки при вршење продажба и промет. На видно место треба да постават соопштение со кое го информираат купувачот за неговата обврска да побара фискална сметка“, се вели во соопштениeто од Управата.

Во пресрет на најавениот „црн петок“, трговците да ги прикажат попустите на сметките и при секоја трансакција да издаваат фискална сметка. Ова е препораката на Управата за јавни приходи (УЈП) до сите даночни обврзници, што ќе применуваат попусти на цените на своите производи.

Оттаму посочуваат дека пресметаниот данок на додадена вредност треба да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.

„Трговците се должни да поседуваат фискален апарат и задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет. На видно место треба да постават соопштение со кое го информираат купувачот за неговата обврска да побара фискална сметка“,

се вели во соопштението од УЈП.

Посочуваат дека секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници што не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.