Уставниот суд одлучи да отвори предмет за солидарниот данок, на иницијатива на петмина поднесувачи, меѓу кои и две стопански комори.
Од Уставниот суд велат дека иницијативите се прифатени со мнозинство гласови од уставните судии. Во расправата по иницијативите е утврдено дека е повредено владеењето на правото, како и дека погрешно е интерпретирана ЕУ-регулатива на која се повикуваше Владата кога го носеше законот.
Погрешно е толкуван и самиот принцип на солидарност, а законот имал ретроактивно дејство, што е забрането. По отворањето на предметот, Уставниот суд ќе бара доносителот на законот да се произнесе по сомнежите на уставните судии, по што ќе се донесе одлука.