Судот во кинеската провинција Шандонг денеска му изрече условна смртна казна на поранешниот претседател на Банката на Кина, Лиу Лианг, за поткуп и незаконско издавање кредити, објавија државните медиуми.
Тој беше осуден на смрт со двегодишно одлагање, се вели во извештаите, што значи дека казната ќе биде извршена само доколку во тој период изврши нови злосторства.
„Народниот суд на градот Џинан го осуди поранешниот секретар на Комитетот на партијата и претседател на Управниот одбор на Банката на Кина, Лиу Лианге за примање мито на смрт со две години условна, доживотен затвор и лишување од политички права и конфискација на целиот личен имот“, пишува на веб-страницата на обвинителството.
Лиу, роден во 1961 година, работеше во банкарски и финансиски институции, вклучително и централната банка на Народната банка на Кина и Извозно-увозната банка на Кина, пред да биде унапреден на функцијата претседател на Банката на Кина во 2019 година.
Во октомври минатата година, владејачката Комунистичка партија на Кина го собори поранешниот претседател, обвинувајќи го за нелегални активности и земање мито.