Агенцијата за електронски комуникации го објави предлог финансискиот план за 2025 година заедно со Годишната програма за работа и од документите може да се забележи дека расходите за бруто плати на вработените ќе бидат зголемени за 20 проценти.

За плати за вработените во Агенцијата за електронски комуникации кои и досега земаа натпросечни плати за јавниот сектор, ќе се издвојат 242 милиони денари или 3,9 милиони евра.

За 2024 година планот велеше дека за бруто плати ќе се издвојат 202 милиони денари или околу 3,3 милиони евра.

За петте членови на Комисијата на ова регулаторно тело за телекомуникацискиот пазар ќе се издвојат 11 милиони денари.