Натписи со барања за работници можете да се видат на многу излози на приватниот сектор.
Токму за недостигот на работна сила на меѓународната конференција за труд беше речено дека кризата со работната сила може да се надмине само со систематски решенија преку трипартитен социјален дијалог. Според министерот за економија Бесар Дурмиши недостигот на работна сила најмногу се забележува во приватниот сектор.
Според Дурмиши, преку примена на активни програми за вработување за кои, според него, се предвидени дополнителни шест милиони евра во буџетот за 2025 година, целта е да се ублажи кризата на квалификувана работна сила. Според првиот човек на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, недостигот на работна сила е резултат на ниските плати.
Според Сојузот на синдикати, кај нас минимална плата земаат околу 25 илјади граѓани, додека до 22 илјади денари плата земаат околу 10 илјади работници. Според првиот човек на синдикатите, она што загрижува е фактот што сите овие работници примаат исплати во коверти за кои не се плаќаат придонеси и кои го оштетуваат буџетот за околу 250 милиони евра во однос на неплатените придонеси во фондот.