Бразил, најголемиот светски производител на кафе, оваа година се соочи со рекордна суша.
Половина килограм арабика со која се тргува во Њујорк достигна 320,10 американски центи. Порастот на цената на стоките континуирано продолжи во текот на минатата година.
Највисокото ниво на сите времиња беше 337,50 американски центи од 1977 година.
Бразил, најголемиот светски производител на кафе, се соочи со рекордна суша оваа година, што предизвикува сериозна загриженост за производствениот потенцијал во 2025/2026 година.
Според аналитичарите, порастот на цените се должи и на геополитички фактори како што се прекинот на бродскиот транспорт во Црвеното Море, потенцијалните американски царини и претстојната регулатива на Европската унија за уништување на шумите.
Иако побарувачката останува висока, земјоделците претпочитаат да го продаваат само она што е потребно, со што се ограничува понудата на кафе на локалниот пазар.
И Виетнам оваа година се соочи со проблеми со набавката на поевтиното зрно робуста, кое се користи за инстант кафе.
Робуста на берзата во Лондон се тргуваше за околу 5.200 долари за тон, откако во средината на септември достигна рекордно високо ниво од 5.829 долари.