САД го обвинуваат шефот на индискиот конгломерат Адани Груп за корупција

Индискиот индустриски конгломерат Адани Груп претрпе загуби од речиси 55 милијарди долари по обвиненијата за корупција против нејзиното раководство во САД, се вели во соопштението на групата. „Откако наводите на американското Министерство за правда станаа познати, пазарната капитализација на 11-те компании вклучени во групата се намали за речиси 55 милијарди долари“, се вели во соопштението.

Претходно во ноември, американскиот обвинител за источниот округ на Њујорк поднесе обвиненија за измама и поткуп против директори на седум компании од групацијата Адани. Според соопштението, обвинетите „оркестрирале разработена шема за поткупување индиски службеници за да добијат договори во вредност од милијарди долари“, а исто така „лажеле за нивната коруптивна шема во обид да привлечат капитал од американски и меѓународни инвеститори“. Се вели дека обвинетите платиле над 250 мил. долари од 2020 година до 2024 година да обезбеди големи соларни договори. Истовремено користеле средства од американски инвеститори.

Групацијата Адани ги нарече овие наводи како неосновани. Според конгломератот, директорите на компаниите се именувани само во ставки поврзани со наводната измама со хартии од вредност. Во соопштението, исто така, се вели дека обвинението не содржи докази за исплата на мито на индиски функционери од страна на извршните директори на Адани, туку само наводи дека се разговарало или ветувало мито.