Комерцијална банка со голема чест и задоволство го прими признанието од АмЧам за донациите во јавното здравство како најдобри практики за корпоративна филантропија.
Проектот на Банката, „Донираме за подобро јавно здравство“ во 2023 година беше избран од страна на АмЧам и Конект меѓу шесте најдобри практики за корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.
Со своите значајни и вредни донации Комерцијална банка придонесе за подобрување на квалитетот на јавното здравство за време на Covid-пандемијата и по неа. Комерцијална банка за време на Covid-пандемијата донираше опрема и финансиски средства во јавното здравство во вредност од над 620.000 евра. Значајната поддршка продолжи и во 2023 година, кога Банката со донација во вредност од околу 5.000.000 денари комплетно го реновираше Одделот за ревматологија и кардиологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Имајќи ги предвид состојбите во јавното здравство и важноста на услугите за здравјето на граѓаните, Комерцијална банка продолжи со својот филантропски придонес во овој важен сегмент од општеството. Со финансиска поддршка од Банката на Клиниката за токсикологија се гради нов ургентен клинички центар.