Редовно тече исплатата на субвенциите во земјоделството

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека редовно тече исплатата на субвенциите во земјоделството.

– Што се однесува до тој дел од општеството, катастрофална и алармантна беше состојбата. Се консолидира. Не велам дека е идеална. Ќе треба да се продолжи со консолидирање. Знам дека редовно тече исплатата, да не речам и пред време – рече Мицкоски посочувајќи дека интервентно се исплатени отприлика 140 милиони денари за земјоделците кои одгледуваат пченица.

Тој потенцира дека веќе нема да има доцнење во исплатата на субвенциите.

– На тој начин полека, но сигурно колку можеме да помогнеме – помагаме. Дали е доволно? Не е доволно. Треба уште. Но, истовремено сум убеден дека во периодот што следи, уште повеќе ќе има во таа насока. Нема веќе доцнење. Сето она кое што порано било долгови и се трудиме да го вратиме. Очекуваме околу 25 до 30 проценти, заедно со тековните исплати во следниот буџет да биде регулиран и веќе во 2026 година да имаме нормална состојба и да немаме веќе доцнење. Би сакал да имаме што повеќе посеани површини со земјоделски производи. Ние како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ тоа да се случи – рече Мицкоски.