Централна кооперативна банка АД Скопје преку соопштение на Македонска берза известува дека реализира зделка со Централна кооперативна банка АД Софија по основ на склучен Договор за субординиран долг на износ од 1 милион евра.

Централна кооперативна банка АД Софија е доминантен сопственик на Централна кооперативна банка АД Скопје со 87,35% учество во вкупниот број на акции на Банката.

Централна кооперативна банка АД Скопје преку оваа трансакција извршува зголемување на капиталот за дополнителен 1 милион евра, што претставува значајна докапитализација и силна поддршка од главниот акционер на банката – Централна кооперативна банка АД Софија.