Комерцијална банка со задоволство ја претстави реновираната и модернизирана филијала во Куманово, која сега покрај богата понуда на производи и највисоки стандарди на услуга им нуди на клиентите и дигитална зона 24/7.
Филијалата сега обезбедува уште поголема удобност, брзина и ефикасност на услугите и современи дигитални уреди за достапни финансиски услуги за клиентите во секое време.
Во реновираната Филијала на Комерцијална банка во Куманово клиентите добиваат:
- Модерна опрема и дигитална зона 24/7,
- Простор со фокус на пријатно искуство за клиентите,
- Атмосфера која комбинира функционалност и елеганција.
Дигиталната зона на Филијалата е опремена со два банкомати, од кои едниот овозможува уплата и подигање готовина, како и со дигитален киоск, кој е современо решение за плаќање сметки за јавни услуги (ЕВН, Телеком, А1, БЕГ и Телекабел) без провизија, без посета на шалтер и со картичка од која било банка. На дигиталниот киоск може да се испечати и извод од платежна сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка. Влезот во дигиталната зона 24/7 е овозможен со сите банкарски картички.
Филијала Куманово нуди и стандардно богата палета на финансиски производи и услуги достапни на шалтерите. Шалтерските работници на клиентите ќе им обезбедат брза обработка на трансакциите, а со својата стручност и знаење им стојат на располагање за консултации за избор на најдобриот финансиски производ и за помош при поднесување апликации за кредити, кредитни картички, дозволени пречекорувања и други услуги.
Шалтерите во Филијалата се отворени од понеделник до петок од 8 до 16 часот и во сабота од 9 до 12 часот, а ги обезбедуваат следниве услуги: отворање платежна сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и бројни кредитни и депозитни производи, можност за купување удели во инвестициски и пензиски фондови и осигурителни полиси, како и e-commerce услуги за раст и развој на нивниот бизнис.
Комерцијална банка ве поканува да ја посетите реновираната Филијала Куманово и да го искусите современиот начин на работа, кој е создаден за вашите финансиски активности да бидат брзи, едноставни и ефикасни.