Очекувам до крајот на годината да се надмине историско највисокото ниво на странски директни инвестиции во државата од над 1 милијарда евра, напиша македонскиот премиер Христијан Мицкоски на Фејсбук

– Денешните податоци покажуваат дека странските директни инвестиции (СДИ) во Македонија во периодот јануари-септември достигнаа 838,2 милиони евра, што е зголемување од 348,4 милиони евра во однос на истиот период минатата година и рекорд во изминативе дваесет години – се потенцира во објавата.

Тој додава дека, „мандатот го започнавме со договори за странски инвестиции од над 650 милиони евра. Ќе продолжиме да работиме за раст на стандардот и благосостојба на сите граѓани“.

– Работиме Македонија да биде повторно ваша и повторно горда! Заедно за работа која носи дела! – пишува Мицкоски.