„Скопски пазар“ сега има 19,05% од акциите во „Македонија туриз“ по купување на дополнителни 7.936 акции. Оваа компанија, која поседува 12 зелени пазари во Скопје, ја контролират бизнисмените Фатмир Етеми и Ацо Дудлоски.

Тие станаа најголеми акционери во хотелскиот гигант, кој ги поседува скопските хотели „Холидеј Ин“, „Карпош“, „Бест Вестерн“ и други.

„Македонија туриз“ во 2023 година оствари добивка од 96,39 милиони денари (околу 1,5 милиони евра), што е тројно повеќе од претходната година.

Покрај хотелскиот бизнис, компанијата инвестира и во акции и фондови, со вкупна вредност од 22 милиони евра. Останатите значајни акционери вклучуваат „Промедика“ со 11,08% и Симеон Павлов со 10,47%. Претседателката на Управниот одбор, Мирјана Таневска, веќе не поседува акции.