Русија им овозможика на странските клиенти индиректно да плаќаат гас, според ажурираниот декрет на рускиот претседател Владимир Путин, со кој се бараат решенија за американските санкции притив „Газпромбанк“.

Откако беше исклучена од меѓународниот банкарски систем за плаќање SWIFT во 2022 година, Москва им наложи на купувачите на гас од „непријателските“ земји да плаќаат во рубљи, користејќи специјални сметки во „Газпромбанк“ преку кои се вршеше трансакцијата од странските валути.

Западните земји воведоа неколку пакети санкции кон Русија поради инвазијата на Украина, а на крајот на ноември САД ја вклучија „Газпромбанк’ на листата, замрзнувајќи ги нејзините средства и забрани трансакции за локалните граѓани и компании, со исклучок на нафтата и проект за екстракција на гас на рускиот Далечен исток од кои се снабдува американскиот сојузник Јапонија.

„Газпромбанк“ до крајот на ноември беше единствената голема руска финансиска институција која дотигаш беше изземена од санкциите

Во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин ја отвори можноста за индиректни плаќања за гас на странски клиенти преку изменета одредба.

За испорачувањето на гасот до странските клиенти ќе плаќа овластена банка, а рубљите ќе и бидат испратени од други финансиски институции, го цитира указот на рускиот претседател руската приватна новинска агенција Интерфакс.

Неколку часа по објавувањето на регулативата за можноста за индиректно плаќање, „Газпромбанк“ објави дека сѐ уште е единствената банка која е овластена да ги обработува плаќањата за рускиот гас што се доставува до странски клиенти, но дека повеќе нема да менува девизи за рубљи.

„Газпромбанк повеќе не им овозможува на клиентите да претвораат странски валути во рубљи заради подмирување на сметките за природен гас“, се наведува во соопштението на банката.

Со изменетата регулатива се предвидува и можност за пребивање на побарувањата на купувачите и продавачите на гас.

„Обврската да се плати за испорачаниот гас може да се подмири целосно или делумно со пребивање на меѓусебните побарувања на рускиот добавувач и странскиот купувач, на иницијатива на рускиот снабдувач“, се додава во објавата.

Со пребивањето на побарувањата, Русија отвори друга опција за плаќање, гo цитира деловната новинска агенција Bloomberg News поранешниот словачки министер за економија и експерт за енергија Карел Хирман.

„Во словачкиот случај тоа би можело да значи дека SPP (увозник)
Eurostream (оператор на словачкиот гасовод) и Газпром ќе ги надоместат меѓусебните плаќања“, изјави Хирман за Bloomberg.

„На пример, SPP нe би му плаќал на Gazprom Export за гасот, туку наместо тоа ќе му плаќа на Eurostream за транзит на гас во име на Gazprom Export“, објасни поранешниот словачки министер.

Агенцијата Reuters толкува дека европските купувачи на руски гас, вклучувајќи ги Унгарија и Словачка, сега, наместо во „Газпромбанк’, би можеле да разменат форинти или круни во рубљи во други банки кои не се под санкции, како што се руските филијали на австриската „Raiffeisen“, унгарската ОТP и италијанската „UniCredit“.

Во меѓувреме, Унгарија побара од САД плаќањата за рускиот гас да бидат изземени од санкциите на „Газпромбанк“, велејќи дека казнените мерки може да им наштетат и на некои американски сојузници.