За нас е важно да нема зголемување на главните даноци – ДДВ, корпоративен данок, персонален данок и осигурување, оти тие имаат директно влијание или врз инфлацијата или врз економскиот развој. Затоа ги предлагаме мерките со најмал негативен ефект врз државата, изјави бугарската министерка за финансии Људмила Петкова на брифинг за Буџетот за 2025 година.
„При анализата на приходите и расходите е констатирано дека трошоците според сегашните политики и законски регулативи се за 18 милијарди повеќе од приходите. Во оваа насока беа утврдени мерки, како на пример оданочување на вишокот добивки на банките, данок на подземно богатство, а зголемувањето на акцизата за тутун, тутунски производи и алкохолни пијалаци ќе биде во рамките на 3%“, рече Петкова.
Според министерката се разговарало за повеќе мерки во однос на трошоците, пишува Телеграф.бг.