Дополнително, Србија ќе добие и грант од ЕУ во износ од 455 милиони евра. – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ (Фото: ЕУ)

Српската влада го усвои предлог законот со кој се потврдува договорот за заем меѓу ЕУ и Србија. Станува збор за износ од 1.131.090.929,77 евра, со рок на отплата од 40 години, со грејс период од 10 години, што значи дека отплатата ќе започне во 2034 година.

Во образложението на предлог законот се вели дека во буџетот за 2024 година е предвидено задолжување кај Европската унија до износ од 1,2 милијарди евра во рамките на Инструментот на ЕУ за реформа и раст на Западен Балкан.

Дополнително, Србија ќе добие и грант од ЕУ во износ од 455 милиони евра.

Според договорот меѓу ЕУ и Србија, каматната стапка ќе биде во согласност од условите на меѓународниот пазар на капитал.