Групацијата Триглав потпиша договор со Raiffeisen Bank Austria, d.d., Zagreb, за отукуп на мнозинскиот дел на хрватското пензиско осигурување од компанијата Raiffeisen Mirovinskо osiguravajuće društvo. Јакнењето на положбата во регионот и насочувањето кон развојот на осигурувањата на живот, здравствените и пензиските осигурувања на пазарите на коишто е присутна е во согласност со стратешките насоки на Групацијата Триглав до 2020 година.
Групацијата Триглав, односно нејзиното зависно друштво Триглав ИНТ, холдинг, д.д. кое што управува со осигурителните компании на Групацијата надвор од Словенија, на 24 април годинава, со Raiffeisen Bank Austria, d.d., Zagreb, потпиша договор за откуп на мнозинскиот удел на хрватското пензиско осигурување Raiffeisen Mirovinsko osiguravajuće društvo. На тој начин, компанијата ќе биде во сопственост на Групацијата Триглав (75% од сите акции на друштвото минус една акција) и Raiffeisen Bank Austria, d.d., Zagreb (25% од сите акции на компанијата плус една акција). Потпишаниот договор е склучен под суспензивни услови, првенствено поради добивање на согласност од страна на регулаторот.
Групацијата Триглав со ова влегува на хрватскиот пазар на пензиски осигурувања, го проширува своето работење и ја јакне положбата во Хрватска во согласност со стратегијата на развој и раст на Групацијата Триглав. Новата членка на Групацијата Триглав е единствена компанија за исплата на пензиски осигурувања во Хрватска, која успешно работи од 2002 година. Raiffeisen Mirovinsko osiguravajuće društvo на крајот од 2017 година, во име на приближно 12 000 корисници, управуваше со средства во висина од околу 70 милиони евра. Хрватскиот пензиски систем е заснован на три столба. Во овој систем со пензионирање, односно исполнување на одредени услови, средствата на осигуреникот се пренесуваат од вториот на третиот столб на пензиското осигурување Raiffeisen Mirovinsko osiguravajuće društvo. Со овие добиени средства се управува и спроведува исплата на пензиските ренти. Земајќи ги во предвид демографските движења и потврдените реформи на системот, следните години се очекува значајно зголемување на бројот на нови осигуреници, чии средства ќе се префрлат од вториот столб.