Пазарните инспектори излегоа на терен да направат проверка на цените на производите кои се дел од новогодишната кошничка. Се гледаат сегашните износи на продуктите и кога тие биле најевтини. Ова се прави за да се види дали трговците од викендов односно понеделник од кога треба над 600 производи да добијат пониски цени за најмалку 10 отсто ќе си стојат на зборот и ветувањето кое и го дале на Владата и синдикатите. Намалувањето треба да биде од најниската цена која ја имале овие производи во последните 30 дена.