Денес после 7 години деградирање и срушена доверба, земјоделците конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, соопшти Владата.

„По разговорите и средбите со оризопроизводителите, се дојде до заедничка одлука истите да подржат со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз, како и дополнителни субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната 2024 година.

Изминатите 7 години наместо на нивите да произведуваат, земјоделците беа на улиците и протестираа поради негрижата и незаинтересираноста од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Денеска таа грда слика и состојба во македонското земјоделство се менува.

Владата покрај низа на мерки и проекти реализирани изминатите 6 месеци и санирање на штетите оставени од претходното раководство, продолжува посветено да работи за подобар животен стандард на земјоделците. Владата е земјоделска Влада, која ја разбира маката на земјоделците и го цени и вреднува нивниот труд“ се вели во владиното соопштение.