ММФ очекува економски раст на Србија од речиси четири проценти оваа година
Приходите од директните странски инвестиции ќе овозможат натамошно акумулирање резерви и намалување на јавниот долг
Според прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Србија годинава очекува економски раст од речиси четири отсто врз основа на континуиран пораст на реалните плати и вработеност и зголемување на јавните инвестиции.