Како што завршува 2024 година, извршниот директор на Binance, Ричард Тенг, споделува што можеме да очекуваме во криптоиндустријата во 2025 година.

 

Криптопазарот во 2024 година и неговата врска со 2025 година

 

Оваа година година претставуваше нова ера за криптовалутите со значајни достигнувања, вклучувајќи највисоки историски вредности (ATH) на биткоинот и вкупната криптопазарна капитализација, како и воведувањето на спот Биткоин ЕТФ-и во САД кои акумулираат над 31 милијарда долари во нето приливи и над 100 милијарди долари во управувани средства (AUM), надминувајќи ги очекувањата. Во јули 2024 година, на ова се надоврзува и спот Етер ЕТФ-и собраа над 730 милиони долари во приливи и повеќе од 9 милијарди долари во AUM.

Регулаторни развои ширум светот, особено MiCA во Европа.

 

Со про-крипто новоизбраниот претседател Доналд Трамп и бројни про-крипто политичари избрани во Сенатот и Претставничкиот дом, се очекуваат нови развои во криптозаконодавството во 2025 година.

Ова е првиот претседател на САД со повеќе NFT колекции и сопствена DeFi колекција. Се очекува крипторегулаторни развои кои ќе поттикнат поголемо учество на пазарот, особено од традиционалните финансиски институции (TradFi) од САД, а исто така ќе послужат како пример за други земји.

 

Можно е создавање на Стратешки резерви на биткоин во САД, што би било значаен развој  кој би поттикнал други земји да го следат истиот пример. Во тој случај Биткоинот би можел да достигне нови висини во однос на усвојување.

Вкупното снабдување со стабилни монети достигна историски највисоко ниво (ATH) од над 200 милијарди долари, што го покажува експлозивниот раст на овој важен производ. Според неодамнешниот извештај на Castle Island Ventures, Brevan Howard Digital и Visa, покажа дека обемот на трансакции со стабилни монети, исто така достигна историски највисоки вредности (над 2,6 трилиони долари во првата половина од 2024 година).

DeFi продолжува да расте, со вкупна заклучена вредност (TVL) од над 125 милијарди долари заедно со новите развои во 2024 година. Дополнително, големи американски институции како BlackRock и Fidelity веќе се обврзаа на токенизација на реални финансиски средства (RWAs), што се смета за клучен чекор во поттикнувањето на усвојувањето на блокчејн технологијата во традиционалните финансии (TradFi).

Отпорноста и успехот на криптовалутите привлекоа многу таленти во индустријата, а сѐ повеќе иноватори експериментираат со нови проекти. Очекуваме уште една година на силни иновации и раст на проекти во 2025 година.

Како пазарот може да се развива во 2025 година – од регулаторен напредок до развој на индустријата

Очекуваме развој во сите аспекти. Регулацијата на криптовалутите забележа значителен напредок ширум светот во 2024 година, а очекуваме уште повеќе во 2025 година. Со оглед на неодамнешните претседателски избори во САД и очекуваните регулативи за криптовалути од новата влада, веруваме дека и други земји ќе го следат примерот на САД и ќе донесат дополнителни законски прописи на глобално ниво. 

Се повеќе компании влегуваат во крипто бизнисот

Во однос на институционалниот интерес, финансиски гиганти како BlackRock и Fidelity влегоа во криптосекторот во 2024 година и се очекува следната година да се појават повеќе нови играчи. Сѐ повеќе компании учат за криптовалутите и ги интегрираат криптофункциите како што е токенизацијата во нивните деловни модели. Овој тренд расте со години и очекуваме понатамошен развој во оваа област.

Оваа година видовме како спот Биткоин и Етер ЕТФ-и беа одобрени и успешно тргувани во САД. Со оглед на про-крипто владата која ќе дојде на власт во јануари 2025 година и неодамнешните пријави на нови ЕТФ-и од постојните издавачи, веројатно е дека ќе бидат одобрени повеќе ЕТФ-и следната година. Ова ќе привлече повеќе институционални инвеститори, бидејќи криптовалутите ќе станат поголем дел од традиционалниот пазар.

Трендот на мемекоини

Мемекоините, ако ништо друго, засега ја истакнуваат цврстината на постоечката инфраструктура за создавање и тргување со токени на блокчејн. Тоа е навистина револуционерно достигнување што денес овозможува создавање и тргување со глобално достапни средства без дозволи, во обем од повеќе милиони долари, за само неколку часа и со минимални трошоци. Со оглед на тековниот фокус на мемекоините, се очекува дека способноста за создавање нови токени со речиси никакви трошоци ќе доведе до значителна прекумерна понуда на различни мемекоини на пазарот. На крајот, вниманието и ресурсите веројатно ќе се концентрираат на избрани мемекоини кои покажуваат издржливост и отпорност. Примери за такви трајни мемекоини се $DOGE и $SHIB, кои ја одржуваат својата присутност низ повеќе години.

Во Binance, се фокусираме на поголемата слика, препознавајќи го потенцијалот на некои мемекоини да се развијат во значајни играчи во екосистемот, додека истовремено ја разбираме спекулативната природа на овој тренд и ги информираме нашите корисници за ризиците поврзани со нив. Иако многу мемекоини можеби нема да опстојат, тие ја отсликуваат иновативната и динамична природа на криптопросторот и одекнуваат кај млади, технолошки свесни демографски групи. Ова ги прави вредни за разбирање како дел од пошироката еволуција на блокчејн технологијата.

 Фокус на Binance за 2025 година

Продолжување на унапредувањето на усогласеноста и водење на индустријата во заштита на корисниците и безбедноста, со цел да се биде најдоверливата размена во светот каде корисниците и инвеститорите безбедно ќе учествуваат во криптопросторот.

Binance ќе продолжи да го става образованието во фокус, едуцирајќи нови корисници на криптовалути кои секојдневно влегуваат на пазарот. Неодамнешниот раст на биткоин помогна криптовалутите да станат достапни за нови групи луѓе ширум светот, а знаеме дека уште повеќе луѓе ќе се приклучат на оваа индустрија во наредните години.

Иновации во производите, вклучувајќи значајни развои во областа на вештачката интелигенција (AI), и соработка со сите видови институции и корисници за нивно безбедно воведување во криптопросторот.