Социјалното претприемништво во земјава го чека новиот закон. Има проекти за активирање мали бизниси преку повратниците од странство. Според економските експерти-на земјава и требаат: активирање на работната сила, Законот за социјално претприемништво како и стратегија за развој на регионите…
Социјалното претприемништво и искористувањето на потенцијалите на повратниците во државава може многу добро да влијаат на развојот на локалната економија. Во Прилеп за првпат се отворени 19 мали бизниси, токму од повратници кои се веќе активни на пазарот на трудот.
Социјалното претприемништво го чека новиот закон. Освен тоа, според економските експерти, неопходна е стратегијата за паметна специјализација која ќе го намали диспаритетот меѓу регионите. Засега скопскиот далеку е пред другите во државава.
Македонија во Регионот е со најниска стапка на активни баратели на работа. Развојот на социјалното претприемништво е чекор напред во активирањето на „заспаната“ работна сила кај нас.