Највисок раст на платите во земјава се забележува во секторите уметност, забава и рекреација 11,5%, информации и комуникации 10,7% и образование 10,6%. Врвот на листата го држи секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, со просечна плата од 97.404 денари.
Во споредба со претходниот месец, најголем пораст е забележан кај секторите дејности поврзани со недвижен имот 7,5%, образование 5,0% и градежништво 3,1%.
Во исто време, просечната бруто плата по вработен изнесувала 63.392 денари.