Народната банка на Србија соопшти дека донела прописи кои се во нејзина надлежност, со кои, како што се наведува, ќе се овозможи имплементација на државната програма за станбен кредит за млади. Извршниот одбор на Народната банка на Србија на вонредна седница одржана на 20 декември 2024 година донесе прописи од надлежност на НБС со кои ќе се овозможи спроведување на Државната програма за станбени кредити за млади, соопшти централната банка.

„Имено, во предложената државна програма за станбени кредити за млади, на чие финализирање интензивно се работи, меѓу другото е предвидено минималното учество на клиент на банка да биде еден процент од вредноста на станбениот недвижен имот.“

По темелна анализа на начините на кои е оправдано да се олеснат условите за станбено кредитирање и спроведена квантификација на потенцијалните модалитети на државната програма за поддршка на младите, Народната банка на Србија процени дека намалувањето на процентот на задолжителниот минимум на учеството на клиентот (од 20%, т.е. 10% на 1%) е оправдано и од аспект на соодветно и прудентно управување со ризикот на банката, имајќи предвид дека ќе се обезбедат поповолни услови и гаранции од Република Србија за портфолиото на Станбени кредити за млади кои ќе се одобруваат во рамките на оваа програма, наведуваат од НБС, информира Н1. Донесените прописи ќе стапат во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, со што ќе се овозможи нивна ефективна примена веднаш по започнувањето на имплементацијата на Програмата за станбени кредити за млади лица со гарантната шема на Владата на Република Србија.