На неколку дена пред празниците, Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите.

Причина за ова е спор во индустријата за транспорт на пари и други вредни предмети.
Всушност, станува збор за работниците за транспорт на пари до финансиски институции низ државата. Работниците се уште не нашле заеднички јазик со работодавачите, поради што се закануваат со штрајк, пренесува Б92.

Надлежните признаваат дека е можно поради штрајкот да дојде до недостиг на готовина во некои делови од државата, што може да биде проблем за некои луѓе, пред се за постарите.

Потенцијалниот недостиг би можел пред се да се случи на банкоматите, додека штедилниците и банките уверуваат дека се подготвени за вакви ситуации.

Германското трговско здружение објави дека претходните штрајкови не предизвикале големи проблеми во продажбата на мало. Според нив, во најдобар случај е незгодно кога на банкоматите нема готовина, што може да резултира со откажување од купување.

Употребата на готовина во Германија во последниве години континуирано се намалува.