Кина денеска усвои закон за данок на додадена вредност, со што во еден документ се консолидираа претходните прописи кои беа на сила, објавија кинеските медиуми.

Законот, кој беше усвоен на седница на Постојаниот комитет на Народниот конгрес, националното законодавно тело, ќе стапи на сила на 1 јануари 2026 година, пренесува Ксинхуа.

ДДВ, најголемата даночна категорија во Кина, сочинуваше околу 38 отсто од националните даночни приходи во 2023 година, покажуваат официјалните податоци.